20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСо спектакуларен настап на Партибрејкерс заврши фестивалот Битола Отворен Град 2015

Со спектакуларен настап на Партибрејкерс заврши фестивалот Битола Отворен Град 2015

bitola-otvoren-grad

Со спектакуларен настап на белградската рок атракција “Партибрејкерс” синоќа на Широк сокак во Битола заврши фестивалот “Битола отворен град 2015”.

Рок бендот “Партибрејкерс” приреди одлична журка за неколкуилјадната публика која се собра на големиот концерт под отворено небо.

Со познати рефрени и динамичен сценски настап фронтменот на “Партибрејкерс” следејќи го пулсот на публиката понуди целовечерна музичка програма низ која прозвучија хитови препознатливи за сите генерации.

Со гостувањето на фестивалот “Битола Отворен град 2015” во рамките на Битфест, “Партибрејкерс”, премиерно настапија во Битола. Нивниот голем концерт на Широк сокак беше отворен за сите љубители на музиката.

Како предгрупа на “Партибрејкерс” настапи рок бендот “The Government” кој пред публиката го промовираше својот нов албум “Разбуди ме”.

Меѓународниот арт фестивал “Битола Отворен Град 2015” во организација на Младинскиот културен центар Битола се одржа од 25 до 27 јуни донесувајќи програма со повеќе културни настани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП