15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Слики наместо зборови“ изложба на Ленче Данаиловска

„Слики наместо зборови“ изложба на Ленче Данаиловска

lence-danailovska

Во кафе бар „Ли“, денес, со почеток во 20 часот ќе биде промовирана првата самостојна изложба „Слики наместо зборови“ на Ленче Данаиловска.

На изложбата ќе бидат поставени триесетина дела работени во техниките акрил на платно, комбинирана техника, графит на хартија.

„Слики наместо зборови“ е прво јавно претставување на Ленче. Насловот на изложбата го претставува визуелниот израз, сликата, како колоритна поезија, зборови во боја.

Ленче Данаиловска е родена во Скопје, 1975 година. По професија е електротехнички инженер. Живее и работи во Скопје. Со сликање, цртање и вајање се занимава уште од детството, од чиста љубов.

Затоа што создавањето е потреба, неопходност, како плод што бара да излезе, да се роди, како оган што одвнатре бара да се трансформира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП