4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРекордна гледаност на ‘Светот Јура’ во првиот викенд

Рекордна гледаност на ‘Светот Јура’ во првиот викенд

Image (79)

Филмот „Светот Јура“ ги надмина сите рекорди според гледаноста и првпат во текот на првиот викенд од прикажувањето овој филм ја надминува бројката од половина милијарда долари во светот.

Филмот ширум светот веќе заработи 511,8 милиони долари, од што 100 милиони долари само во Кина, покажуваа бројките сумирани во неделата.

Новата епизода од овој серијал филмови на легендарниот Стивен Спилберг го собори претходниот рекорд кој го држеше „Хари Потер и даровите на смртта“ со 483 милиони долари заработени во првиот викенд од прикажувањето.

Во Северна Америка филмот собрал 204,6 милиони долари од петокот, натфрлувајќи го со тоа само „Одмаздниците“ од 2012 година кој официјално е сопственик на најуспешниот дебитант на сите времиња во овој регион, со заработка од 200 милиони долари во првиот викенд од отворањето.

„Светот Јура“ во Велика Британија заработил речиси 30 милиони долари, а во Франција повеќе од 12 милиони долари.

„Паркот Јура“ беше голем светски хит во 1993 година, по што следеше четири години подоцна „Паркот Јура 2: Загубениот свет“. Во 2001 годна „Паркот Јура 3“ имаше многу помалку успех, а на четвртиот во низата филмските критичари му го припишуваат успехот поради растењето на новото поколение на љубители на диносаурусите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП