Со помош на милијарден инвестициски пакет во областа на инфраструктурата, бразилската влада се соочува со економска криза. Претседателката на земјата, Дилма Русеф во вторникот претстави амбициозен „План за концесии“, кој треба да привлече инвестиции во износ од 64 милијарди долари (56,6 милијарди евра), пренесе „Ројтерс“.
Само до 2018-та година се предвидува во земјата да влезат инвестиции во изградба на улици, пристаништа, пристанишни врски и аеродроми во вредност од 22,25 милијарди долари (19,7 милијарди евра). Јавните аукции ќе започнат во тековната година и ќе дозволат на владата да собере 22,25 милијарди долари до 2018-та година, кога истекува мандатот на претседателката Дилма Русеф, истакна министерот за финансии Жоаким Леви.
Главната цел е привлекување на странски инвестиции и промоција на економскиот раст. За 2015-та година, Бразил очекува пад на економскиот раст од 1,2 отсто и инфлација од над 8 отсто. Планот има за цел да ги прилагоди недостатоците на претходните концесии кои предизвикуваа несовесен интерес поради прекумерна државна интервенција.
Ваквата интервенција на седмата по големина економија на светот има пред сè инвестиција во областа на железничката инфраструктура. Во рамките на бразилско-кинеската соработка се очекува да биде формирана и т.н. „Трансокеанска железница“, која треба да ги поврзе Западен Бразил со перуанските пацифички пристаништа и да отвори нов пат за извозот на бразилски земјоделски стоки кон Кина и другите азиски земји преку излез до Перу. Министерот за планирање Нелсон Барбоса истакна дека Владата ја оценува оваа железничка пруга како стратешка. Тој рече дека очекува приватниот сектор да покаже интерес за овие инфраструктурни планови, бидејќи земјата има потреба од нив и тие ќе ја зголемат продуктивноста.
„Ако има побарувачка, ќе има инвестиции“, истакна министерот. Владата се надева да привлече приватен капитал за инфраструктурни активности, преку кои ќе компензира силните кратенки на државните расходи, беше објавено претходно во оваа година.
Русеф им нуди на инвеститорите овојпат подобри услови, иако финансирањето при ниски камати од Банката за развој „BNDES“ беше намалено во екот на бразилската финансиска криза. Од понудувачите ќе се очекува делумно финансирање на проектите со приватно финансирање, повикани преку инфраструктурни обврзници.
Русеф изјави дека новиот круг од концесиите ќе го прошири партнерството на владата со приватните фирми и ќе ја зајакне довербата во економијата, која сега е на работ на рецесија и се очекува да биде најлошата во последните 25 години.
Планот за инфраструктурата би можел да помогне за враќање на растот на контракција на бразилската економија и за зголемување на популарноста на Русеф, која настрада заради високата инфлација, растечката невработеност и корупцискиот скандал во државната нафтена компанија „Petrobras“, коментира „Ројтерс“.
Светскиот економски форум ја рангирана Бразил едвај на 120-то место од 144 земји во однос на севкупниот квалитет на инфраструктурата, патниот и воздушниот сообраќај кои се оценуваат особено слабо. Овој недостаток одамна се смета како главна пречка за развојот на продуктивноста и ефикасноста.