Денеска во 12 часот во „Матица ексклузив“ ќе биде промовирана книгата филозофски разговори „Разговорница“ од Кристина Николовска.
Книгата ќе ја промовираат Јордан Плевнеш и Венко Андоновски, а музички настап ќе има маестро Борис Трајанов. На промоцијата ќе има и средба со соговорници на Николовска.
Книгата содржи разговори за уметноста и филозофија на уметноста со познатите: Гане Тодоровски, Ферид Мухиќ, Јордан Плевнеш, Горан Стефановски, Борис Трајанов и Венко Андоновски.
Кристина Николовска е писател, универзитетски професор, теоретичар на литература, литературен критичар, есеист, поет, антологичар, менаџер на кампањи. Николовска е редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески„ во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.
Автор е на дванаесет книги поезија, теорија на литература, литературна критика и есеистика, монографии и филозофски разговори.