3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромовирана Антологијата „Светиот пат“ на писателот Раде Силјан

Промовирана Антологијата „Светиот пат“ на писателот Раде Силјан

rade siljan33

Антологијата „Светиот пат“ на писателот Раде Силјан беше промовирана во рамките на јубилејната 16-та Литературна манифестација „Илинден 2015“.

За авторот и за значењето на оваа дело промотивна реч имаа проф. д-р Стефан Влахов Мицов и Паскал Гилевски, кои го потенцира  значењето на самата Антологија, богатството и тежината  на оваа дело кое е од исклучително значење за книжевната и издавачка дејност за целиот регион. Единствена Антологија на овие простори која што ги опфаќа најзвучните поетски имиња на 19 и 20 век, како и современата поезија од 21 век.

„Во книгата пристапив со многу емоции со многу љубов и посветеност. Оваа книга започнав да ја работам во периодот кога бев уредник во македонско радио уредувајќи поезија од македонски, балкански, европски и светски автори. Така го започнав моето патешествие во подигнувањето на оваа Антологија, збирка – книга, која според мене ќе пополни одреден простор во нашето издаваштво. Ја почнав во времето кога на Балканот постоеја шест држави, а ја завршив денес кога на Балканот има 12 држави. И не случајно ја одбрав оваа општина за место каде ќе се промовира оваа моја антологија, бидејќи таа го носи едно од најславните имиња во Македонија „Илинден“, изјави Раде Силјан за време на обраќањето до присутните.

За време на промоцијата со свои стихови се претставија повеќемина реномирани македонски автори застапени во антологијата, како Иван Чаповски, Гордана Михаилова Бошњаковска, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Ристо Лазаров и Санде Стојчевски.

На присутните стиховите од балканските автори им ги пренесе Антонио Павловски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП