3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзлезе од печат најновата поетска книга на Ристо Лазаров - поемата "Вампирското"

Излезе од печат најновата поетска книга на Ристо Лазаров – поемата “Вампирското”

vampirsko 22

Најновата поетска книга на Ристо Лазаров – поемата “Вампирското”, во издание на  “Дијалог” излезе од печат.

Во поговорот кон оваа поема, академик Георги Старделов, осврнувајќи се на поемите на Лазаров подвлекува дека она што длабоко импресионира во нив е “големата, ретката, исклучителната поетска инвенција и имагинација, како и каде да ја лоцира, како и во која форма да ја изрази својата поетска мисла и идеја”. Старделов додава: “Ристо Лазаров, за разлика од многу наши поети не бега од, речиси емпириската стварност, туку настојува неа најнепосредно да се соочи да ја воздигне до степен на оригинален поетски пев. Затоа и можам него да го наречам поет на македонската транзиција.”

Инаку жанровски, поемата „Вампирско“ асоцира на балата, на песна, на мелодија што се игра (ballare – играње, ороиграње); на лауда; на карневалска песна, на оние македонски обредни ора и покладни песни; на лакрдија; на едно, во Бахтинова смисла, карневалско чувствување на светот, на сатиричен пев како изворен поетски одраз на менталитетот на нашето време.

Ова е 26-та поетска книга на Лазаров, кој е автор и на повеќе книги огледи, како и на препеви од странски јазици. Негови книги се преведени на десетина странски јазици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП