3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Славчо Соколовски во Мала станица

Изложба на Славчо Соколовски во Мала станица

izlo

Изложба на Славчо Соколовски со наслов „Моето име е емигрант“ ќе биде отворена во петок вечер во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица.

„… Првично, по преселувањето во Америка во 2000 година, Славчо Соколовски продолжува со создавањето уметнички објекти, користејќи слични видови материјал (како во неговото дотогашно творештво – н.з.), кои ги пронаоѓа низ улиците на Бостон и Кембриџ, Масачусетс. Животот во Америка се случува на улица и станува начин на кој тој за запознава неговата нова земја. Со цел да се насочи, почнуваа да асимилира некои аспекти од американските “нешта” во својата уметност и во неговиот начин на живот. Тој се соочува со една сосема поинаква палета на бои и модел на живот…. (извадоци од текстот во каталогот / автор на текстот е Ејми Кант, слободен уметник и писател од САД).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП