3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтворена 16. Литературна манифестација „Илинден 2015“

Отворена 16. Литературна манифестација „Илинден 2015“

ilin565656565

Во преполната сала на Домот на култура „Илинден“ во присуство на голем број писатели и љубители на пишаниот збор на свечен начин беше отворена 16. Литературна манифестација „Илинден 2015“.

Посакувајќи им добредојде на присутните пријатели на книгата, Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

„Наша крајна цел е да ја приближиме книгата до читателите, да создадеме што поголем број читатели, љубители на книгата и на поетската мисла и се она што преку своето перо ќе го создаде поетот. А, тоа значи збогатување на знаењето, кое понатаму е предуслов за напредок и развој и на локалната заедница и на целата држава“, истакна градоначалникот Стојановски.

Притоа, за особен придонес во унапредувањето на културно-образовните вредности градоначалникот Стојановски додели повеќе благодарници на поединци, стопански субјекти и институции.

За значењето на Литературната манифестација „Илинден“ зборуваше и писателот Раде Силјан.

„На оваа манифестација учествувам повеќе од десеттина година. Од година во година таа добива една многу поширока димензија. Општина Илинден прави многу во поглед на популаризирањето на културата и воопшто во поглед на анимирањето на нови читатели. Доказ за тоа е податокот што во последните години во Општина Илинден е формирана една од можеби најдобрите библиотеки во Македонија“, рече Раде Силјан.

Во рамките на свеченото отворање на манифестацијата беше претставен портрет на поетесата Гордана Михаилова Бошњаковска, како и промоција на нејзината книга „Слики“ за која промотивна реч одржа писателот Раде Силјан. Стихови од нејзиното творештво читаа повеќемина поети.

Присутните, во рамките на свеченото отворање на манифестацијата имаа можност да присуствуваат и на отворање на изложбата „Убавото и убавината го спасуваат светот“ на академскиот сликар Васка Дудин. За творештвото на авторката и за самата изложба зборуваше академскиот сликар Новица Трајковски.

Посетителите имаа ретка можност, покрај прекрасните слики да уживаат и во музичкиот колаж што за оваа пригода го подготви Пламенка Трајковска, трио.

Во рамките на манифестацијата во Домот на култура „Илинден“ од 12 до 16 мај  се одржува саем на книгата под мотото „Денови на книгата“, каде што љубителите на пишаниот збор можат да најдат богат избор на книги и да се запознаат со најновите изданија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП