20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЛитературна манифестација „Илинден 2015“

Литературна манифестација „Илинден 2015“

ilin

Општина Илинден, во насока на промовирање на современите културни достигнувања, од 11 до 16 мај 2015 година во Домот на култура „Илинден“ ќе ја организира 16. Литературна манифестација „Илинден 2015“.

Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи на 11 мај со почеток во 19:00 часот, а централниот настан – Поетскиот митинг „Стихови за душата“ ќе се случи на 15 мај со почеток во 19:00 часот, со настап на дваесет и пет писатели од Македонија и од балканските држави.

Во рамките на манифестацијата во Домот на култура „Илинден“ од 11 до 16 мај ќе се одржи саем на книгата под мотото „Денови на книгата“, каде што љубителите на пишанот збор ќе можат да најдат богат избор на книги и да се запознаат со најновите изданија.

Составен дел и на годинешната 16-та по ред манифестација ќе биде  традиционалното Литературно матине за деца, на кое ќе настапат повеќемина  писатели за деца и млади, како и заедничката дружба на писателите во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“, во Дељадровци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП