6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРААнтолог со „Омилените приказни“ на саем

Антолог со „Омилените приказни“ на саем

antolog ww

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје на овогодинешниот Саем на книгата се претставува со своја програма под наслов „Омилените приказни“.

На отворањето на Саемот на книгата во Скопје, ќе стартува првата интегрална веб-страница на „Антолог“, која ќе ги понуди сите информации поврзани со Издавачката куќа, но и промоција на македонските автори и дела. Веб-локацијата на „Антолог“ е достапна преку два домена: www.antolog.mk и македонскиот домен антолог.мкд.

Во текот на целата саемска манифестација предвидено е доближување на книгите до читателите, преку секојдневна агенда на промотивни акции за најновите и најатрактивни наслови.

„Првиот саемски ден на читателите ќе им ја претставиме една од најомилените светски литератури, руската, со „современата Ана Каренина“. Вториот и третиот ден се предвидени за сите кои со задоволство читаат научно-фантастични приказни и трилери. На 8-ми мај ќе бидат претставени новите книги од македонски автори. Денот на Европа, 9-ти мај, ќе го одбележиме со претставување на најдоброто од целокупната европска книжевност. Викендот ќе го заокружиме со најмладите читатели и со претставување на една свежина во книжевноста за деца. Следната недела ќе ја почнеме како што доликува, со најважното нешто во животот, љубовта“, велат од „Антолог“.

На штандот на ова книгоиздателство, освен достапните цени, секој купувач ќе добие и подарок книга со секоја набавена книга. Исто така, ќе биде претставен и Книжевниот центар „Антолог“, отворен неодамна во Дебар Маало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП