26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЛешоски, Ивановски и Димишковска на штандот на Табернакул на саем

Лешоски, Ивановски и Димишковска на штандот на Табернакул на саем

Image

Во рамките на овогодинешниот Саем на книгата кој се одржува од 5 до 11 мај, Табернакул стандардно ќе биде на првиот штанд во првата хала.

Како и секоја година, така и оваа, неколку домашни автори чии наслови се изданија на Табернакул ќе бидат гости на штандот на издавачката куќа.

Во среда, на 6 мај, од 17 до 20 часот гостин ќе биде популарниот млад поет, Дарко Лешоски чиј наслов „Дете од лоша фамилија“ брзо се распродаде и веќе се продава второто издание. Лешоски ќе биде достапен за посетителите за разговор, ќе дава автограми и ќе се дружи со читателите.

Во четврток на 7 мај, во истиот период на штандот ќе биде Јовица Ивановски кој својата најнова, десетта книга поезија со наслов „Киноутро“ ја промовираше пред неполна недела. Тој, исто така ќе дава автограми, ќе се дружи со читателите.

Во недела, на 10 мај, авторката Ана Димишковска ќе ја презентира својата најнова „Приватна збирка“ и исто како и првите двајца гости, во терминот од 17 до 20 часот ќе се дружи со читателите, ќе дава автограми и ќе поразговара со сите заинтересирани за нејзиното дело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП