18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо ДПМ авторска средба со писателот Дејан Трајкоски

Во ДПМ авторска средба со писателот Дејан Трајкоски

Image (67)

Денес, во 12 часот, во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи  авторска средба со писателот Дејан Трајкоски, по повод неговиот нов роман „Неверство“, кој предизвика особено внимание кај читателите и критиката.

За делото  во ДПМ ќе разговараат авторот Дејан Трајкоски и писателот Александар Прокопиев, а средбата ќе ја води Александра Велинова.

Со романот „Неверство“ Дејан Трајкоски беше во најтесен избор за наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2014 година, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија. За ова дело Венко Андоновски, меѓу другото, пишува: „Исклучително елегантно напишан роман. Сè на сè, романот на Трајкоски најавува целосно зрел прозен автор, кој за мене е исклучително пријатно изненадување. И исклучителна појава во нашата книжевност, затоа што не се задоволува со традицијата, но не ја ни отфрла: бара нова форма и веќе е зад прагот на нејзиното откривање.“

Дејан Трајкоски е дипломиран професор по филозофија. Автор на романот „Вистина, љубов“ (2012) и „Неверство“ (2014). Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Идеен автор и директор на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“.

Од 2005 година работи како новинар во дневниот весник „Вечер“. Член е на Интернационалната федерација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ. Од 2015 година е селектор на програмата „Нов европски филм“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП