25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Дневникот на полицајката“, нов роман од Веле Смилевски

„Дневникот на полицајката“, нов роман од Веле Смилевски

Image (61)

„Дневникот на полицајката“ е насловот на новиот роман од Веле Смилевски, автор на триесетина дела од областа на поезијата, прозата, критиката, есеистиката, книжевната наука и журналистиката.

„Дневникот на полицајката“, што се појави во издание на „Дијалог“ од Скопје, е втор дел од романескната трилогија „Полицајка в кревет“. Првиот дел од трилогијата се појави во 2012 година.

„Дневникот на полицајката“ е криминалистичко-психолошко-еротски роман во кој се обработува феноменот на конфликтните ситуации, кога прогонувачите и прогонуваните доживуваат иста судбина: заеднички седнуваат на обвинителна клупа.

Дејството на романот се одвива преку дневнички записи, реминисценции и сеќавање од моментот кога полицајката ја внесуваат во судницата, до започнувањето на судскиот процес.

„Дневникот на полицајката“ ќе има промоција на претстојниот саем на книгата во Скопје, на штандот на издавачката куќа „Дијалог“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП