8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНа светскиот ден на книгата Клубот „Матица“ во Куманово

На светскиот ден на книгата Клубот „Матица“ во Куманово

Image (45)

Турнејата на книгите „ДА“ за Книга продолжува во Куманово, а по успешните настапи во Битола и Велес, од четврток до сабота, читателите во Куманово ќе ја имаат можноста да се дружат со илјадниците наслови и автори од богатата продукција на Клубот.

Во и пред платото на Библиотеката „Тане Георгиевски“,  ќе бидат одржани и неколку промоции и средби со истакнати македонски автори. Во четврток, на отворањето на Саемот ќе биде претставена едицијата „Античка филозофија“ објавена во девет книги од академик Витомир Митевски. За Платон, Аристотел, Сократ, доцната антика итн, ќе говори проф. д-р Весна Томовска.

Во петок, пред читателите во Куманово ќе се претстави младиот Милош Димковски со својот роман „Парада на марионетките“, а во сабота, романот кој сите со нетрпение го очекуваат, приказната која ги освојува срцата на македонските читатели „Бездомникот со златен часовник“ на Верче Карафилоска.

Во подршка на турнејата „ДА“ за Книгата се приклучуваат и соработниците на Клубот од Велика Британија Orion, Paragon, КАКО И Лагуна Клубот од Белград.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП