3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРусија го отвора првиот музеј на Солженицин

Русија го отвора првиот музеј на Солженицин

Image (29)

Првиот музеј посветен на славниот руски писател и дисидент Александар Солженицин, кој на светот му ја откри нечовечноста на советските работни логори, ќе биде отворен кон крајот на април во неговото родно место Кисловодск, изјави идниот директор на музејот Александар Подолски.

Музејот ќе биде отворен на 26-ти април, а ќе биде отворен во двокатница во Кисловодск во којашто идниот автор на „Архипелагот Гулаг“ минал четири години од своето детство. Во неа живеел до 1920 до 1924 година, а куќата во којашто се родил во 1918 година се урнала пред повеќе години. Одлуката за формирање музеј посветен на Александар Солженицин, инаку, е донесена набргу по неговата смрт, на 3-ти август 2008 година во Москва.

Тоа ќе биде првиот музеј во Русија посветен на Солженицин, на неговиот живот и творештво, се вели во текстот објавен на интернет страницата на музејот. Се појаснува дека просторот ќе биде организиран како интерактивен простор и дека на посетителите на располагање ќе им бидат таблети коишто ќе може да ги користат при аудиовизуелното разгледување на музејската поставка. Посетителите на музејот, исто така, при разгледувањето ќе ги следи и гласот на писателот од автентични аудио записи.

Подоцнежниот живот и судбината на писателот ќе бидат презентирани мултимедијално. Со помош на динамичка витрина, информатичка маса, екран на допир, видео екрани, индивидуални таблети, ќе може да се прочитаат делата на Солженицини, интервјуа со авторот, да се погледаат фрагменти од играни и документарни филмови….

„Постојаната изложба е поврзана со Ставропол и раната биографија на А.И. Солженици. Тие ќе раскажуваат за формирањето на неговата личност во годините на детството и момчештвото, трагичните настани од војната, за почетокот на пишувањето пред објавувањето во 1962 година на повеста за ‘Еден ден на Иван Денисович’, која на авторот му ја донесе светската слава“, се наведува на сајтот.

Осуден на осум години присилна работа, откако во едно писмо коешто го запленила полицијата го критикувал советскиот челник Сталин, Солженицин своите искуства од работниот логор „Екибаштуз“ во Казахстан ги опишува во романот „Еден ден на Иван Денисович“. Рехабилитиран е по смртта на Сталин, во времето на Никита Хрушчов, а Нобеловата награда за книжевност ја доби во 1970 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП