2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на хорот и оркестарот на македонската опера

Концерт на хорот и оркестарот на македонската опера

opera balet

Во среда, во 20 часот, во Македонската опера и балет во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика“ ќе настапи хорот и оркестарот на Македонската опера под диригентско водство на Бисера Чадловска.

На програмата на концертот се вокално-инструментални дела од македонските композитори Горан Начевски, Ристо Аврамовски, Стојан Стојков и Панде Шахов, а како солисти ќе настапат Горан Начевски (баритон), Александар Стефановски (бас), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Олгица Милевска (сопран) и Ристе Велков (баритон). Влезот е слободен.

Бисера Чадловска дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот оркестарско диригирање во класата на професорот Фимчо Муратовски, а по дипломирањето се запишува на пост-дипломски студии по симфониско и оперско диригирање на Државната музичка академија во Софија. По завршувањето на студиите почнува да работи како хор-мајстор во Македонската опера и балет. Набрзо почнува да напредува и да асистира во подготовките на сите нови премиери на сцената на МОБ. По неколку години работа како хор-мајстор и асистент диригентка, ја добива својата прва премиера „Таен брак” од Доменико Чимароза, со која ке се отвори „Скопско лето“ во 2005 година. Како резултат на работата на оваа опера добива стипендија од фондацијата CEE Eastern Musiktheater, со што и се овозможува посета на семинари и настап со оперскиот оркестар од Темишвар, Романија.

Потоа се редат голем број на претстави од репертоарот на МОБ. Се докажува како оперска и балетска диригентка и денес го диригира скоро целокупниот репертоар на сцената на МОБ. Во репертоарот на Бисера Чадловска се наоѓаат дел од најпознатите и најкомплексни дела од оперската и балетска литература, оперите „Травијата”, „Риголето”, „Севилскиот бербер”, „Кармен”, „Волшебната флејта”, „Лилјакот”, „Кавалерија Рустикана”, „Паљачи”, „Моќта на судбината”, „Свртување на штрафот”, „Јованче и Марика”, „Набуко”, „Турандот”, „Веселата вдовица”, „Војвотката на чардашот”, „Рита”, кантатата “„Кармина бурана” и уште голем број други како и балетите „Жизел”, „Есмералда”, „Шехерезада”, „Дон Кихот”, „Лебедово езеро” и „Рајмонда”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП