28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕУспешно тестирана персонализирана вакцина против рак

Успешно тестирана персонализирана вакцина против рак

vakcine-vakcinacija-1343770202-192487

Комбинирајќи ги двата најефикасни пристапи во лекувањето на ракот, имунотерапијата и персонализираниот пристап, американските научници развиле терапевтски вакцини направени по мерка на пациентот, што значи дека лекот е насочен на одредени генетски аномалии во туморот, се вели во студијата објавена во списанието Science.

И покрај тоа што станува збор за важно откритие, научниците кои учествувале во истражувањето од холандскиот Институт за тумори и од Медицинскиот факултет при Универзитетот Вашингтон, предупредуваат дека лекот сé уште е во раната фаза од развојот и тестирањата.

Секој тумор е засебна појава, што е една од причините поради коишто тешко се лекува. Научниците во овој пристап го искористиле токму овој факт. На мутираните гени кои влијаат врз неконтролираниот раст на туморот, може да се дејствува со имунотерапија со којашто болеста се држи под контрола, се наведува во еден од заклучоците од истражувањето.

Тестирајќи ја новата вакцина, научниците ја инјектирале кај тројца пациенти со развиени стадиуми на ракот на кожата коишто веќе примале терапија, а резултатите се покажале многу добри. Кај првиот пациент растот на туморот бил спречен, кај вториот и натаму постоеле малигни клетки но престанале да се шират, додека кај третиот пациент дошло до ремисија, односно туморите во почетокот значително се намалиле, но по неколку месеци се вратите на нивната првобитна големина.

Научниците во развивањето на ваквата вакцина користеле анализа од постојните генетски мутации на клетките на ракот кај секој од пациентите, што им овозможило да предвидат нови единствени мутации, а нив ги издвоиле со помош на компјутерски алгоритам. Тие мутации се покажале како најдобри цели за новите вакцини.

„Колегите и јас сме извонредно задоволни од начинот на кој имунолошките системи на пациентите реагираа на антигените на меланомот присутни кај сите тројца пациенти“, пишува ден коавторите на студијата, онкологот од вашингтонскиот Медицински факултет. Џералд Линет. Додава дека за нив главната цел претставувала да се востанови дали вакцината е сигурна и дали може да предизвика имунолошка реакција на организмот. Открива, исто така, и дека за развивањето на вакцината за секој пациент биле потребни по околу три месеца, што за некои пациенти е предолг период во процесот на лекувањето. Оттаму, Линет се надева дека тој период ќе успеат да го скусат на четири до шест седмици.

Досегашните резултати покажале дека тестирањето било успешно, а Линет се надева дека вакцината, освен во лекувањето на меланомот, по натамошните попрецизни истражување ќе започне да се применува и во справувањето со ракот на дојката, јајниците, колоректалниот карцином и ракот на белите дробови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП