3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книгата „Монахот што се плашеше од смртта“ во МКЦ

Промоција на книгата „Монахот што се плашеше од смртта“ во МКЦ

B7A27FD8BD902E4BABCAE7ED35C33956

Новата книга раскази на авторот Горан Василевски, под наслов „Монахот што се плашеше од смртта“ од изавачот ПНВ Публикации, ќе биде промовирана денес, 6-ти април во вечерниот термин од 19:30 часот, во просторот Галерија МКЦ.

Книгата ќе ја претстават критичарите Лилјана Пандева и Гоце Ристовски, а расказите ќе ги читаат актери од НАТГ „Аматер“- од Охрид.

По збирката поезија „Мандарина“ (2008 година) и по романот „Оревот“ (2013-та), Горан Василевски за својата читачка публика ја подготви збирката раскази под наслов „Монахот што се плашеше од смртта“. Овој автор, роден 1968 година во Постојна, Словенија, релтивно доцна се пројавува како име на коешто македонската современа литература треба да смета.

Кај Василевски, според литературната критика, зачудува фактот што по првите објавени песни, се фаќа во костец со роман, со најобемната раскажувачка проза, за дури потоа да почне да пишува раскази. Имено во  романот „Оревот“ се следат две раскажувачки линии на авторот. Едната романсиерска во вистинска смисла на зборот, другата со куси интермеца, секвенци кои секако претставуваат зародиш на краткиот расказ, форма со која Горан Василевски сега се претставува како автор.

Збирката раскази ‘Монахот што се плашеше од смртта’ е составена од 17 раскази и секој од нив е приказна за себе.

„Тие се самостојни, со различни теми и секако со различен пристап во раскажувањето. Авторот сам ги подредува така како што се хронолошки и напишани. Литературната критика, пак, слободно може да ги издвои во циклуси. Храбро одејќи од тема на тема, градејќи секојдневни, а толку несекојдневни ликови, раскажувајќи веќе раскажани приказни, Горан Василевски докажува зошто е читан автор, зошто полека почнува да го зацврстува своето место во македонската современа проза“, ќе одбележи критичарката Пандова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП