4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСтраници од Куранот од VII век во Берлин

Страници од Куранот од VII век во Берлин

Image (26)

Пруската државна библиотека од Берлин објави дека седум страници од муслиманската света книга Куранот испишани на пергамент се датирано до VII век, во периодот веднаш по смртта на пророкот Мухамед.

Фрагментите од Куранот, за кои се верува дека се најстарите на светот, му припаѓале на германски научник кој живеел во египетската престолнина Каиро на почетокот од XX век. Пруската национална библиотека, главната академска библиотека во Берлин, го откупила неговиот архив веднаш по неговата смрт, а меѓу тие хартии се наоѓале и делови од Куранот испишани на тенок пергамент.

Страниците неодамна биле испратени во лабораторијата на швајцарскиот универзитет ETH во Цирих, на датирање со јаглерод 14. Извештајот на лабораторијата покажал дека пергаментот потекнува од периодот меѓу 606 и 652 година, што значи дека тие фрагменти од Куранот се испишани најдоцна дваесет години по смртта на пророкот Мухамед во 632 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП