3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Томе Мишев во Софија

Изложба на Томе Мишев во Софија

tome misev 3

Изложба на Томе Мишев, ќе се отвори во денеска, во 18.30 часот во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија.

Изложбата на Томе Мишев во Софија, Бугарија, македонски современ уметник повторно наведува дека Македонија е земја расадник на големи уметници со индивидуална вокација кои со силата на својот изворен талент успеале да се вклучат и во ексклузивниот сегмент на европоската уметност. Томе Мишев е секако еден од нив кој како номад лута по минатото како би нашол поттик за создавање на своите нови светови, а на искуството од претходниците.

Мишев силно субјективно, промислено ја реинтерпретира традицијата водејќи сметка за личната поетика и сопствените ставови и своите чувства. Неговото дело најблиску е до експресионизмот на новиот тип кој се темели на најубавите традиции, а истовремено ги прислушува сигналите на своето време. Инспиративните поттици го одразуваат поднебјето од кое потекнува (македонското) богато со боја, топлина, раскошна светлина што сонцето несебично му ја дарува. За него поднебјето не е само пејзаж, туку тоа се и ликови кои се инкорпорирани на таков начин во просторот и атмосверата…

Томе Мишев е роден во 1958 година во Струмица. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Имал повеќе самостојни изложби во Скопје, Струмица, Кавадарци, Неготино, Куманово, Сараево, Бања Лука, Венце, Нирнберг, Софија…

Изложбата ќе ја отворат Маја Неделкоска Брзанова, директор на Националната галерија на Македонија, Васко Шутаров, директор на КИЦ на РМ во Софија, и Љупчо Маленков, виш кустос во НГМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП