четврток, 18 август 2022
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕклстон предлага и жени да возат во Ф1

Еклстон предлага и жени да возат во Ф1

Susie-Wolff 111

Сопственикот на Формула 1, Берни Еклстон, предложи во иднина, во рамките на Гран при викендите, да се одржуваат светски првенства во женска конкуренција.

„Мислам дека е одлична идеата со која би им овозможиле на жените да се натпреваруваат“, рекол Еклстон. Тој дополнил дека „од некоја причина“ жените не успеваат да се пробијат во Формула 1.

„Секако дека причината не е како што велат некои дека не ги сакаме во Формула 1. Секако дека би сакале да се натпреваруваат, на тој начин би привлекле внимание и веројатно нови спонзори“, рекол Еклстон.

Сопственикот на Формула 1 предложил натпреварувањето во женска конкуренција да се одржува пред главните настани во машката трка, во сабота односно в недела.

Ниту една жена се нема натпреварувано во Формула 1 уште од 1976-та година кога возела Италијанката Лела Ломбарди.

Последна жена која се обидела да се квалификува во ова елитно натпреварување била Џована Амети во 1992-ра година.

Сузи Волф претминатото лето го возеше болидот на Вилијамс и таа тогаш за само две десетинки имаше полошо време од Фелипе Маса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП