3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРешат Амети учествува на Салон на уметноста 2015 во Франција

Решат Амети учествува на Салон на уметноста 2015 во Франција

Image (9)

На годинашниов Салон на уметноста во Дижон, Франција,што ќе биде отворен во петок во 18.30 часот, селекционата комисија на делата кои треба да бидат изложени на оваа значајна изложба го покани уметникот Решат Амети со своите дела да ја престави Македонија.

На Решат Амети ова не му е прво преставување во Салонот на уметноста, тој заедно со Коле Манев веќе имаат излагано на годишните изложби организирани од Aсоцијацијата на уметници од Дижон, Франција. Р

ешат Амети со свои изложби се претставил во Њујорк, Париз, Виена, Анкара, Бостон, Мајнхајм, Цирих, Брисел, Софија, Шарлоа, Нирнберг, Хамбург, Гронингем, Скопје, Приштина, Тирана, Дебар, Гостивар, Тетово….

Редовен професор по сликарство е на Факултетот за Уметности на Државниот универзитет во Тетово. Учествувал на преку 200 групни изложби во Македонија и странство. Добитник е на високи награди и признанија за своето творештво, меѓу кои и на државната награда “11 Октомври“ за животно дело во областа на уметноста и културата.

За сликарството на Решат Амети можеме да речеме дека претставува внатрешна слика на душата. Основниот елемент во неговото сликарство од кој извира тајната и магијата е светлината. Неговите имагинарни предели на душата тежнеат кон идеална убавина, која гледачот треба внимателно да ја впие во себе да за момент го почувствува величеството на светлината. Затоа што само преку нејзе можеме да го осознаеме светот што не опкружува, но и духовниот свет кој ги осветлува нашите души на што целосно му е посветено сликарството на Решат Амети.

Решат Амети е роден 1964 година во Гостивар.

Факултет за ликовни уметности во Скопје, завршил во класата на проф. Ана Темкова во 1988 година. Постдипломски студии на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, во класата на проф. Реџеп Фери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП