3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на Мандолинскиот оркестар на МКЦ

Концерт на Мандолинскиот оркестар на МКЦ

mandolini

Традициналниот годишен концерт на Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар – Скопје, ќе се одржи во среда, во 20 часот, на сцената на кино „Фросина“ во МКЦ, а влезот е слободен.

Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар од Скопје е препознатлив по својата оригиналност и единственост, како во изборот и изведбата на програмата, така и по составот на неговите членови, кој е сочинет од најразлични возрасти, од ученици во основни училишта, средношколци, студенти и вработени.

Оркестарот е формиран на иницијатива на Рамадан Шукри во 1981 година. Во 2001 година раководството на оркестарот го презема Сашо Татарчевски кој го освежи oркестарот и со програма и со нови членови.

Во моментов со оркестарот работи Ванчо Јовчев, кој веќе шест години регрутира и едуцира нови членови.

Освен културна, овој ансамбл има и едукативна и воспитна функција, создавајки од младите луѓе врвни познавачи и почитувачи на музиката.

Традиционално, членувањето во оркестарот е бесплатно, а приемот на нови членови трае во текот на целата година.

На програмата на концртот се:

1. Julio Rodrigo „Aranuez“

2. Roland Dyens „Tango en skai” – за соло гитара и оркестар

3. E.Di Capua “O sole mio” – италијанска канцона

4. Giuseppe Gardiani „Caro Mio Ben“ – за соло глас(тенор) и оркестар

5. Стојче Тошевски „ Песни без зборови“

6. Franz Schubert “Moments Musicaux”

7. Miguel Bareilles “Eurythmia” – за Пиано и оркестар

8. Dmitri Shostakovich “Jazz Suite” NO.2 – secondo walz – за соло виолончело и оркестар, адаптација-оркестрација Ванчо Јовчев

9. John Williams „Schindler List“ – за соло виолина и оркестар Адаптација-оркестрација Борјан Цанев

10. Драган Шуплевски „Македонско капричо“ бр.1 – за соло виолина и оркестар

Солисти: гитара – Филип Андонов,ученик  4-та година во „Илија Николовски-Луј“, тенор – Јане Дунимаглоски, пијано – Билјана Петровска,проф.по пијано, виолончело – Теодор Ристовски, ученик во „Илија Николовски-Луј“, виолина – Ева Богоевска, ученик во „Илија Николовски-Луј“, диригент е Ванчо Јовчев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП