26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМанифестација „Поезијо, те сакаме!“

Манифестација „Поезијо, те сакаме!“

poezija-te-sakame

По повод Светскиот ден на поезијата, во Културниот центар Феникс во Скопје денес ќе се одржи манифестацијата Поезијо, те сакаме!

На манифестацијата ќе настапат веќе афирмирани, но и млади поети кои ќе читаат свои стихови во чест и слава на поезијата.

Организатори на манифестацијата се Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија Презент од Скопје.

Инаку, Светскиот ден на поезијата го востанови УНЕСКО на 21 март 1999 година со цел да се промовира читањето, пишувањето, објавувањето и проучувањето на поезијата ширум светот. И на овој начин треба да се помогне поезијата од маргините повторно да се врати во центарот како еден од најспецифичните, најзначајните, најкреативните, најмасовните и најпопуларните литературни жанрови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП