4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на учесниците од работилницата за креативна употреба на шивачката техника

Изложба на учесниците од работилницата за креативна употреба на шивачката техника

izlozba(3)

Културниот центар „Кула“ во вторник вечер организира изложба на учесниците од работилницата за креативна употреба на шивачката техника.

Учесниците на работилницата се: Андреа Велинова, Анѓела Велинова, Долорес Соколова, Калина Алтанџиева, Елена Гелева, Теодора Ваклинска, Анѓелина Шулевска, Соња Јанковиќ, Деа Беатовиќ, Анастасија Петковска, Тамара Петковска, Магда Ориѓанска, Марина Савеска, Мила Спасовска, Маја Нацевска, Ана Симонова, Добрица Пехливанова, Марија Треневска, Лина Димитровска, Даниела Велкоска, Андријана Папиќ-Манчева. Ментори на работилницата се Бранкица Јордановска, Тамара Иванова и Мирјана Веселиновиќ.

„Самиот простор на „Кула“ изобилува од креативна енергија и е одлично место за споделување на креативни содржини. Менторите и координаторите на работилницата се мошне задоволни што можат да потврдат дека работилницата беше успешна и продуктивна. Учеството на групата млади луѓе придонесе со интензивна наклонетост кон шиењето, а консенвентно се манифестираше максимална прецизност и перфекционизам во изработувањето на производите“, порачуваат организаторите.

Имено предметите кои ќе се изложат ќе бидат во главно дела од типот на: ранци, торби, навлаки за перници и мобилни телефони, несесери и слично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП