26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Ване Костуранов во МКЦ

Изложба на Ване Костуранов во МКЦ

vane kosturanov

Изложбата на Ване Костуранов насловена „Улица љубов” ќе биде отворена во четврток, во 20 часот, во галерија МКЦ, Скопје.

Изложбата ќе ја отвори поетот Никола Маџиров.

„Куќите на Ване Костуранов изгледаат природно надвор од симболите на градот, надвор од природните синџири на урбаната законитост. Во неговите животворни улици, куќите се вертикали на присуството во потрага по свој дом“, вели Маџиров.

Ване Костуранов е сликар, роден 1979 година во Струмица. Активно се занимава со сликарство петнаесетина години. Учествувал на повеќе групни изложби, а одржал и девет самостојни. Уште како дете повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП