21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШокантни факти за намирници кои мислиме дека се здрави

Шокантни факти за намирници кои мислиме дека се здрави

72740_profimedia0198641578_630x0

Многумина денес сакаат да се хранат здраво, а сепак не знаат што се се крие во храната која ја јадат.

Дури и некои работи кои повеќето ги сметаат за здрави во себе содржат некои нездрави елементи. За овие намирници се вели дека се здрави, но според истражувањата некои од нив не се толку добри…

Печено пиле

65452_pile-shutterstock-157730312_630x0

Ако мислевте дека печеното пиле е поздраво од пржено, грешите. Само една пилешка нога содржи иста количина масти како и топка сладолед.

Грчки јогурт

84025_profimedia0198990803_630x0

Грчкиот јогурт, всушност содржи голема количина на заситени масти. Кај некои видови во само три лажици може да се најдат 8.5 грама заситени масти, што ја сочинува речиси половина од препорачаната дневна доза.

Соја сос

85982_profimedia0183293891_630x0

Сосот од соја е толку вкусен затоа што содржи многу сол. Ако прелиете нешто со него, со еден оброк може да внесете и 38% од препорачаната дневна количина сол.

Суви брусници

85981_profimedia0093366424_630x0

Ова „хранливо“ овошје содржи многу шеќер – една рака суви брусници содржи околу 70 грама шеќер.

Леб од пекара

54925_hlebprofimedia0160539520_630x0

Лебот во некои пекари е всушност понездрав од некој исечен леб кој по неколку дена стои на полиците, затоа што содржи големо количество натриум.

Супа

72740_profimedia0198641578_630x0

Иако би било пологично супата од кесичка да содржи повеќе сол, всушност домашната супа е таа која има многу сол.

Плочки од житарки

68125_ovsene-profimedia0198877613_630x0

Некои житни плочки содржат повеќе калории отколку чоколадни штангли. Во нив може да се најдат и до 11,6 грама масти и до 217 калории – што се повеќе масти отколку што содржи едно парче пица.

Брза храна

41948_shutterstock-126066629_630x0

Дури и ако не јадете често брза храна, доколку изедете еден хамбургер, порција помфрит и шејк, ќе внесете 83 грама масти, 5.5 грама сол, 33 грама заситени масти, 115 грама шеќер и 1.900 калории.

Сендвичи

56072_profimedia0166101355_630x0

Дури и ако ставите зелена салата и домати во својот сендвич, нема да го направите здрав, бидејќи содржи многу масти и јаглехидрати.

Прашок за пециво

85979_profimedia0180905010_630x0

Прашокот за пециво звучи безопасно, но содржи големи количини натриум, кои влијаат врз зголемување на крвниот притисок.

Мед

50242_shutterstock-156284285_630x0 (1)

Медот, всушност, може да содржи повеќе калории отколку шеќерот. Мала лажичка мед содржи 25 калории, додека лажичка со шеќер од иста големина има 16 калории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП