26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонкурс за краток расказ на Biber

Конкурс за краток расказ на Biber

biber 1222

Првпат е отворен регионален конкурс за краток расказ – Бибер, а темата на конкурсот е помирување во контекст на наследството од војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, особено во периодот 1991-2001.

„Ги повикуваме сите автори и авторки кои пишуваат на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски и српски јазик, да ги испратат своите раскази. Повикот се однесува на афирмирани автори и авторки, како и на оние кои досега немаат објавувано“, велат организаторите.

Конкурсот е отворен до 06.09.2015 година. Авторите/ките на трите најдобри раскази ќе бидат наградени со парични награди. Жирито го сочинуваат Дорунтина Баша, Фарук Шехиќ и Бојан Кривокапиќ.

Конкурсот го организира тимот на Бибер во соработка со Центарот за ненасилна акција Сараево – Белград.

Повеќе информации за условите на конкурсот и за наградите можете да се најдат на страницата на Бибер – biber.nenasilje.org.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП