3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Владимир Темков во Куманово

Изложба на Владимир Темков во Куманово

slika-temkov

Во четврток, со почеток во 19.30 часот, во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на слики на академскиот уметник  Владимир Темков. 

Изложбата се реализира во соработка со Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ – Кавадарци.

Владимир Темков е роден 1959 год. во Кавадарци. Завршил Педагошка академија и Факултет за ликовна уметност во Скопје, отсек графика.

Член е на ДЛУМ од 2001 год. Реализирал околу 60-тина самостојни изложби во Македонија, Хрватска, Бугарија, Франција, САД ( Њујорк 2013), Турција како и учество на стотина групни изложби и проекти. Учествувал во работата на преку 40 ликовни колонии кои се одржувале во Македонија и регионот. Има учествувано и на повеќе меѓународни конференции како и студиски претстој во Париз – Франција во 2011 год. Во текот на 2015 год. реализираше две самостојни изложби во Кавадарци и Скопје.

Делата на Темков се обележани со мотиви од богатиот растителен свет и птиците. Како автор кој потекнува од Тиквешијата, неговото творештво се карактеризира со богат колорит.

По повод јубилејот 30 години творештво на Владимир Темков во 2013 год. издадена е и монографија посветена на овој автор којашто беше проект финансиски подржан од Министерството за култура, локалната самоуправа Кавадарци и Домот на културата.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 12 март 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП