29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на Дуке Бојаџиев во Велес

Концерт на Дуке Бојаџиев во Велес

tik

Во рамки на „Велес – град на културата“, а во организација на НУЦК Народен театар „ЈХК Џинот“ – Велес, во петок ќе се одржи концерт на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев насловен како „Сон. Верба. Љубов”.

„Сон. Верба. Љубов“ е длабоко емотивно звуковно патешествие до срцевината на нашата традиција и културна разноликост. Комбинација на авторска, филмска музика и изворно македонско творештво. Спој на композиции кои Бојаџиев ги создал за филмовите „До Балчак“, „Сенки“ и „Војната заврши“, композиции од неговиот албум „Љубовта е патот“, елементи од турската, ромската и албанската музика, кои авторот ги соединува во една автентична целина со современ пристап, збогатена со суфистичката поезија на големиот поет и филозоф од 13. век, Џелалудин Мевљана Руми.

Настапуваат Дуке Бојаџиев на пијано, Исмаил Лумановски на кларинет и Васил Зафирчев – наратор.

Концертот е со почеток во 20 часот во објектот на театарот. Влезниците се пуштени во продажба по промотивна цена од 150 денари на билетарницата на Народниот театар „ЈХК Џинот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП