25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Пипи Долгиот Чорап“ ќе биде цензурирана во новото издание

„Пипи Долгиот Чорап“ ќе биде цензурирана во новото издание

SWEDEN OBIT

Славниот роман за деца „Пипи Долгиот Чорап“, на починатата шведска авторка Астрид Линдгрен, оваа година прославува 70 години од појавувањето и во согласност со „модерните“ времиња книгата повеќе нема да содржи опис кој некој го сметаат за расистички.

Во оригиналната верзија, таткото на русокосото девојче Пипи Долгиот Чорап живее во Јужните мориња каде што е „црнечки (негро) крал“, референца коишто некои последните години ја критикуваат како расистичка.

Во април годинава ќе биде објавено јубилејното издание на книгата и во неа таткото на Пипи ќе биде „крал на Јужните мориња“, изјави Карин Ниман, ќерка на Астрид Линдгрен, која со другите членови на семејството ги поседува издавачките права на нејзините дела.

„Одлучивме да го замениме стариот опис, бидејќи навредува. Авторката на „Пипи Долгиот Чорап“ никогаш не би прифатила Пипи да навреди кое и е да е дете“, изјави Ниман.

Линдгрен почина во 2002-ра година на 94-годишна возраст. За доживувањата на веселото девојченце напиша три книги, од кои првата во 1945-та година, кои подоцна ги спои во една. Преведена е во 70 земји и продадена во повеќе од 60 милиони примероци.

Во разговорот за дневниот весник „Dagens Nyheter“, ќерката на авторката вели дека семејството неколку години ја разгледувало оваа промена и дека таа најмногу се противела. Изразот „негро“ (црн) се до шеесеттите години од минатиот век имаше статус на прифатлив израз и не се употребуваше пежоративно, како на пример „нигер“. Ниман додава дека го сменила мислењето кога сфатила дека луѓето во секој случај тоа би можело да ги повреди.

„Моравме да го тргнеме (изразот). Астрид не би се противела на тоа, сигурна сум“, убедува Ниман.

Пипи, која во првата книга има девет години, е неконвенционално разиграно девојченце со натчовечка сила која што не ги почитува авторитетите, а некои ја доживуваат и како феминистичка икона, активистка за човекови права и хероина во борбата за слабите и експлоатираните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП