18 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да се ослободите од празничните килограми

Како да се ослободите од празничните килограми

81078_54_630x0

Дури и ако не претеравте со слатките за новогодишните и божиќните празници, за да ги потрошите калориите кои ги поседува еден обемен празничен ручек, потребно е да трчате еден час или 45 минути да тренирате бокс.

Лицето со 70 килограми за половина час трчање согорува 250 калории. Ако лесно пешачите половина час, во просек ќе согорите 128 калории, а со 30 минути бокс дури 441 калории. Ако сте од оние кои практикуваат јога, за половина час ќе се ослободите од 120 калории. Ако се земе во предвид дека на пример три кифлички имаат околу 350 калории, пресметајте колку физички напор треба да дадете.

Ако сакате по неколку денови прејадување полека да се вратите во форма, комбинацијата од овој тренинг може да ви помогне:

Најдобро е еден ден да трчате 45 минути со темпо во кое вашето срце ќе чука меѓу 110 и 130 пати во минута. Вториот ден изработете најизменичен тренинг во теретана сочинет од 10 различни вежби, со 30 секунди одмор меѓу секоја вежба. Третиот ден пешачете на трака при што најизменично ќе одите брзо и бавно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП