17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдливот на ИКТ кадарот предизвик за државата и приватниот сектор

Одливот на ИКТ кадарот предизвик за државата и приватниот сектор

sektor-500

Приватниот, владиниот и научниот сектор бараат начини за стопирање на одливот на ИКТ кадарот од државава кој е најбаран и најдобро платен, и за зголемување на неговиот број и надградба на квалификациите.

На трибина за одлив на ИКТ кадарот од државава, што се одржа денеска на Факултет за информатичка технологија и компјутерско инженерство, беше истакнато дека поголемиот дел од студентите по информатика наоѓаат работа за три месеци по дипомирањето, а една година потоа размислуваат за иселување и наоѓаат друго вработување. Наспроти тоа 1.330 дипломирани информатичари се водат како невработени во Агенцијата за вработување, но според надлежните институции, тие работат од дома за странски компании. Побарувачката за тој кадар се зголемила и со новите странски инвестиции, а државата бара начин да им излезе во пресрет, но тоа да не значи загуба на квалитетниот кадар во домашните фирми.

Според Сашо Огненовски, претседател на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија, бизнис секторот е засегнат од одливот на ИКТ кадарот. – Овој тренд го цениме како негативен. Веќе долго време имаме недостиг од кадар и овој тренд практично прави недостиг на кадарот што ни е потребен, изјави Огненовски.

Бројката на студенти на факултетите, истакнува, е задоволителна и би требало да ги задоволи потребите на ИКТ индустријата, но проблем е одливот.

Владимир Трајановиќ, продекан на ФИНКИ, вели дека имаат активна соработка со околу 100 компании од коморите со кои работат на дефинирање на наставните програми. За четири години трипати ги реакредитирале наставните програми, а како резултат на тоа 95 проценти од 300 до 400 студенти кои годишно завршуваат кај нив наоѓаат работа во првите три месеци по дипломирањето. Во тие бројки влегуваат и самовработените информатичари. – Што се однесува до одливот на мозоци сега работиме на нашиот систем на алумни, но она што е неформално е дека повторно дури и оние што ќе најдат работа во првата година откако ќе завршат често размислуваат за иселување и значителен дел од  нив наоѓаат работа на друго место. Меѓутоа тоа е прашање на отворен пазар. Ако сакате да задржите квалитетен човек кој може да  најде работа каде било треба да му понудите соодветни услови тука,  рече Трајковиќ.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски вели дека во Агенцијата за вработување се пријавени 1.330 невработени информатичари, а доколку приватниот сектор бара таков кадар може веднаш да се обрати до нив и да направи анализа дали тие се квалитетни и дали може  да им послужи.

Во разговорите со домашни компании кои изминатиот период активно бараа повеќе информатичари  надвор од главниот град ни кажуваат дека тие не се доволно стручни. За тоа ние со Министерството за образование и со Владата преземаме повеќе активни мерки да ги доедуцираме за да бидат тие веднаш способни кога ќе  влезат во приватниот сектор да продуцираат вредности, рече Ивановски.

Тој информира дека Владата ја разгледува можноста да обезбеди дополнителни средства за дообука на 1.330-те невработени информатичари евидентирани во Агенцијата за вработување затоа што има голем број странски компании  од секторот информатички комуникации кои доѓаат во Македонија и бараат таков кадар. – Бидејќи не би сакале да направиме дисторзија на пазарот каде што странските  од домашните компании  ќе ги земат највкалитетните кадри ја разгледуваме можноста и Владата на наредната седница ќе ја разгледа информацијата што ќе ја предложиме за наоѓање средства за дообука на овие лица за стручни сертификати кои ги бара  приватниот сектор за да можат и тие да се стекнат со работно место, а за тоа да не трпат постојните компании, изјави Ивановски.

Од овие 1.330 кои се водат како невработени, укажа, сепак работат од дома и тоа за странски компании, а со новиот закон  ќе мора да плаќаат придонеси и здравствено осигурување. – Со тоа очекувам во овој сектор  да се намали и сивата економија   и тогаш ќе видиме која  е реалната слика на невработени информатичари. Нашите податоци се дека голем број  од нив работат како здружен тим за аутсорсинг и со тоа остваруваат добар приход, изјави Ивановски.

Владата, додаде, подолго време прави реформи  во образованието и апелира што повеќе студенти да се запишат на техничките науки со кои во иднина многу бргу можат да се стекнат со работа и тоа добро платена. Бројот на запишани студенти на техничките струки годишно изнесува  над 1.200, а од нив дипломираат 50 проценти.

Секторот информатичките технологии и комункации учествува со 6 проценти во вкупниот БДП на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП