11 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕТри супероброци за после тренинг

Три супероброци за после тренинг

protein-shake

Без оглед на типот на тренингот или физичката активност и на целта која сакате да ја постигнете, овие оброци се вистинскиот избор.

Тие содржат брзо растворливи протеини неопходни за регенерација на мускулите, како и помала количина на јаглехидрати со низок гликемиски индекс за обнова на енергетските резерви.

Овие оброци содржат и неопходни витамини, минерали и други микронутриенти, а се со цел што побрзо и поквалитетно да го регенерираат истрошеното ткиво.

Протеински крем од сурутка

– Вода или млеко (по можност свежи и органски) 30-50 мл

– Концентриран протеин од сурутка во прав (природен, без арома и засладувачи) 20-40 гр.

– Малини, Капини, Боровници или слично ниско-гликемиско овошје 50гр

– Малку стевиа по потреба (пред се ако се кристи вода)

Прашкастите состојќи соединете ги па додатете ги во водата/млекото и промешајте. Количината на вода/млеко дозирајте ја според саканата густина. Кремот може да се подготви и во блендер. На крај додадете го овошјето.

Протеински крем од коноп

– Вода или млеко (по можност свежи и органски) 50-70 гр

– Концентрирани протеини од коноп во прав (по можност органски) 5 гр

– Малку стевија по потреба (пред се ако користите вода)

Прашкастите состојќи соединете ги па додатете ги во водата/млекото и промешајте. Количината на вода/млеко дозирајте ја според саканата густина. Кремот може да се подготви и во блендер.

Природен шејк

– Вода или млеко (по можност свежи или органски) 50-200 гр

– Јајца (свежи и органски) 2-3 јајца

– Малини, Капини, Боровинки или слично ниско-гликемиско овошје 10-150 гр

– Малку стевија по потреба (пред се ако користите вода)

Сите состојки изматете ги во блендер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП