сабота, 28 јануари 2023
ПочетнаЗДРАВЈЕОваа здрава храна не е баш секогаш здрава

Оваа здрава храна не е баш секогаш здрава

64909_profimedia0010799045_630x0 (1)

Сигурно многи пати ви рекле дека нешто е здраво и дека никако не можете да претерате јадејќи го тоа. Но неумереноста никогаш не била добра, дури ни кога станува збор за нешто здраво. Овие намирници престануваат да бидат здрави кога со нив сериозно ќе претерате.

Суво овошје

72388_profimedia0098400207_630x0

Сувото овошје содржи три пати повеќе шеќер од свежото овошје и многу малку влакна, што не е добар однос на хранливите материи. Многу луѓе јадат суво овошје мислејќи дека не грешат бидејќи овошјето е многу здраво. Избегнувајте го сушеното, свежото е секогаш подобро.

Хумус

65353_humus-foto-shutterstock_630x0

Две лажици хумус содржат 50 калории. Но луѓето често ќе се занесат и ќе изедат многу повеќе од две лажици, бидејќи сметаат дека не можат да претераат со нешто што е здраво, како што е хумусот. Запомнете – не повеќе од две лажици во еден оброк.

Кисели краставички

64909_profimedia0010799045_630x0 (1)

Тоа што краставичките се зеленчук и тоа што се здрави не значи автоматски дека се здрави и киселите краставички. Тие се преполни со натриум, а производителите често во нив додаваат и шеќер.

Шлаг

26394_stock-photo-white-cup-of-whipped-cream-with-a-red-candied-cherry-on-top-on-a-white-background-88956760_630x0

Само 200 грама шлаг може да содржи 600 калории. Ако шлагот се јаде со некоја овошна мешавина, тој може да биде здрав, но само во минимални количини. Во спротивно ќе внесете премногу калории, а нема да се чувствувате сито.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП