25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФетел го напушта Ред Бул, следна дестинација Ферари!

Фетел го напушта Ред Бул, следна дестинација Ферари!

seb vetel

Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел ќе го напушти Ред Бул на крајот на сезоната. Тимот соопшти дека неговото место ќе го заземе младиот пилот од Торо Росо, Данил Квајт.

„Себастијан Фетел не информираше дека ќе го напушти тимот на крајот на сезоната 2014-та година. Ние му благодариме за неверојатната улога, која ја одигра за Ред Бул во последните шест години. Му посакуваме успех во следната фаза од неговата кариера. Ние исто така гледаме со возбуда напред, бидејќи ќе се ослободи место за следната генерација од Ред Бул пилоти“, стои во соопштението на тимот.

Германецот се приклучи на тимот во сезоната 2009-та и комбинацијата им се покажа како една од најуспешните во историјата на Формула 1. Заедно освоија четири последователни светски титули, 38 Гран при победи и 44 полпозиции. На негово место ќе дојде младиот руски пилот од Торо Росо, кој влезе во спортот оваа сезона, но очигледно шампионите се импресионирани од него. Така Квајт догодина ќе се натпреварува до Даниел Рикардо.

„Програмата за развој на млади пилоти на Ред Бул разви некои докажани таленти во последно време, вклучувајќи ги Себастијан Фетел и Даниел Рикардо. За нас е задоволство да објавиме дека кон Даниел догодина ќе се приклучи како ѕвезда од нашата програма, Данил Квајт”, гласи изјавата на тимот.

Сега, големото прашање е каде ќе оди Фетел. Себастијан е огромен фактор на пилотскиот пазар. Се вели дека може да отиде на местото на Фернандо Алосно во Ферари, ако Шпанецот премине во Мекларен, но ќе видиме. Местото кое го отвора Квајт во Торо Росо, исто така, е тема на разговор. Екипата неодамна објави дека едниот пилот за 2015-та е Макс Верстапен, кој ќе го замени Жан-Ерик Верн. Кој ќе е клубскиот колега, претстои да дознаеме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП