18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлонсо си заминува од Ферари!

Алонсо си заминува од Ферари!

alonso zaminuvanje

Фернандо Алонсо и Ферари веќе се договориле да се разделат на крајот на сезоната во Формула 1, а Мекларен е опција за Шпанецот за следната година, тврди авторитетното издание „Аутоспорт“.

Откако односите меѓу Алонсо и Ферари достигнаа критична точка по реструктуирањето на управувањето во Маранело, двете страни веќе поделени ја гледаат својата иднина, според извори на весникот.

Алонсо не успеа да дојде до третата светска титула во кариерата и поради тоа сака да си замине, бидејќи во италијанскиот тим си даваат две години за враќање во трката за трофеите.

Конфликтот меѓу желба на Шпанецот за успеси и реалистичните предвидувања на тимот во подолг временски период предвремено ќе стави крај на нивното партнерството. Во следните неколку недели двете страни ќе ги расчистат деталите околу раскинувањето на договорот, кој е до 2016-та година, смета „Аутоспорт“.

Само драматичен пресврт во расположението на некоја од двете страни би можело да ја спречи разделбата.

„Сакам да победувам и сум подготвен да го дадам максимумот од себе во овој момент од кариерата, кој е и најдобар во мојот живот. Се чувствувам добро, се чувствувам во форма, се чувствувам сигурен“, рече тој.

„Се приспособив соодветно, но и стилот на возењето, кон промената на правилата кои се случуваат секоја година, чувствувам дека сум во најдобриот период од кариерата. Се надевам да го искористам тоа во наредните години и да освојам неколку титули, за да завршам со повеќе од две“, додаде Шпанецот.

Според извори на весникот неговиот тим веќе е во напредна фаза на разговори со Мекларен, но се уште нема договор. Ако тоа се случи, ќе треба да се одлучат помеѓу Кевин Магнус и Џенсон Батон за следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП