19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Мадрид објави над 600 милиони евра долгови

Реал Мадрид објави над 600 милиони евра долгови

real slika22

Европскиот клупски шампион Реал Мадрид објави дека вкупниот износ на обврски е 602 милиони евра, соопшти Мадридскиот весник „Ас“. Тоа е за 11% повеќе од минатата година, кога биле 541 милиони евра.

Извештајот на клубот за финансиската 2013/2014 година ќе биде изгласан овој викенд од делегатите на генералното собрание.

Повеќе од половина долгови – 361 милиони евра, се краткорочни. Ова веројатно е причината Реал да продаде дел од своите играчи во последните 12 месеци, како Гонзало Игуаин, Месут Озил и Анхел ди Марија.

Според весникот трансфер сумите од продажбата влегуваат веднаш во билансот како приход, додека оние од купувањата на играчи се амортизираат во текот на договорот на фудбалерот.

На пример 45-те милиони евра од продажбата на Озил на Арсенал веднаш влегуваат како приход, а платените 101 милиони евра на Тотенхем за Герет Бејл се поделени во следните шест години. Тоа прави 16,5 милиони евра на година и е нормална сметководствена практика во фудбалот. За Хамес Родригез ќе изнесува 13,3 милиони евра на година.

Со продажбата на Озил и Ди Марија по повисока цена од онаа за која се купени, клубот се обидува да ја подобри својата финансиска ситуација на чисто сметководствен план. Се уште продажба на Ди Марија не е влезена во сметките, а ќе биде земена во тековната финансиска година.

Реал должи околу 75 милиони евра на банки и има негативен капитал од 94 милиони евра, додека главните конкуренти, како Баерн и Манчестер Јунајтед се со позитивен цел број.

Приходите се 550 милиони евра, што е помалку од најавените од претседателот Флорентино Перез, 604 милиони пред неколку недели. Растот во приходите е 5% и покрај бонусот од учество во Лигата на шампионите од 60 милиони евра. Минатата година растот беше 1%, како за споредба во претходната деценија достигнал 12%.

„Финансиската состојба на клубот е ужасна“, коментира за весникот Пласидо Родригез, директор на Центарот за економија во спортот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП