13 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ и „Samsung“ го губат пазарот на таблети, сериозна закана од трет...

„Apple“ и „Samsung“ го губат пазарот на таблети, сериозна закана од трет играч

Иако „Apple“, со своите „iPad“ уреди, сè уште држи цврста водечка позиција на глобалниот пазар на таблети, конкуренцијата од страна на „Android“ врши сè поголем притисок.

Според најновиот извештај од аналитичката фирма „TechInsights“, глобалниот пазар на таблети забележа закрепнување во првиот квартал од 2025-та година, кога беа испорачани вкупно 34,4 милиони уреди, што претставува раст од 6% во споредба со истиот период минатата година.

Овој раст се припишува првенствено на две околности: владини субвенции во Кина кои ја стимулираа побарувачката, како и брзањето на производителите да ги забрзаат испораките пред да стапат во сила новите царински регулативи во САД.

Што се однесува до пазарниот удел, „Apple“ останува лидер со испорачани 12 милиони „iPad“-и и годишен раст од 5%, што му дава 35% удел од глобалниот колач. „Samsung“ е втор со 7,1 милиони испораки, раст од 6% и пазарен удел од 21%, останувајќи најсилниот играч во сегментот на „Android“.

Сепак, најголемото изненадување доаѓа од „Xiaomi“, кој забележа зголемување на испораките од 57%, испорачајќи 3,1 милиони таблети и заземајќи го третото место со пазарен удел од 9%. Благодарение на експлозивниот раст на продажбата, „Xiaomi“ ги надмина „Lenovo“ и „Amazon“, кои го заземаат четвртото и петтото место со испораки од 2,5 и 2,4 милиони уреди и годишен раст од 11% и 5%, соодветно.

Сите водечки производители забележаа раст, што покажува дека пазарот на таблети, иако е под притисок по пандемијата, сè уште има стабилна побарувачка. „Xiaomi“, благодарение на својата агресивна понуда на модели од средната класа, се издвои како главен „тркач“ во изминатиот квартал и дополнително ја искомплицира ситуацијата на глобалниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП