1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 намирници кои согоруваат калории и го забрзуваат метаболизмот

5 намирници кои согоруваат калории и го забрзуваат метаболизмот

65340_kinoaprofimedia0178567482_630x0 (1)

Тажна вистина е дека не постои ниту една намирница која ќе направи магично да ги изгубите килограмите. Вежбањето во секој случај е неопходно, а резултатите треба да бидат постепени и природни. Но, добрата вест е дека сепак постојат некои намирници кои можат да ви помогнат на патот кон витката линија, затоа што тие го забрзуваат метаболизмот и помагаат за побрзо согорување на калориите.

1. Зелен чај

11518_WEB_1500px_shutterstock_25902241_630x0 (1)

Овој напиток е полн со антиоксиданти и има позитивно влијание на нашето здравје на повеќе начини, а помеѓу останатото, може и да го забрза метаболизмот, тврди нутриционистот Џеки Њугент, авторка на книгата “Со или без месо”.

„Зелениот чај содржи билни соединенија наречени катехини“ – објаснува таа. Студиите покажуваат дека овие соединенија навистина помагаат во процесот на слабеење, но и кофеинот од овој чај исто така игра значајна улога во губењето на килограмите бидејќи делува како стимуланс.

2. Овес

54787_profimedia0010366096_630x0

Покрај тоа што го намалува нивото на „лошиот“ холестерол и ја подобрува состојбата на кардиоваскуларните органи, овесот содржи јаглехидрати кои често се доведуваат во врска со слабеењето.

„Резистентниот скроб се именува така токму поради фактот дека тој не може да се разгради во тенкото црево, а бројни студии покажуваат дека тоа може да го продолжи чувството на ситост“, вели Френсис Ларгеман Рот, диетолог и автор на книгата „Јадење во боја“.

3. Јајца

58328_profimedia0116327770_630x0

Јајцата се најдобар појадок, а со оглед на тоа дека изобилуваат со добри протеини, се смета дека се одлична намирница за сите кои сакаат да ослабат. Една студија покажа дека консумирањето јајца за појадок може да го забрза процесот на слабеење за 65 отсто.

„Редовниот појадок, особено ако изобилува со протеини, може да го забрза метаболизмот во текот на целиот ден и тоа за цели 10 отсто“, нагласува Џеки Њугент.

4. Киноа

65340_kinoaprofimedia0178567482_630x0 (1)

Ако сакате да ослабите, би требало да консумирате повеќе намирници кои се богати со влакна, кои подолго се варат и даваат подолготрајно чувство на ситост. Киноата спаѓа токму во таквите намирници, бидејќи во една шолја од оваа супернамирница се наоѓаат дури 12 грама влакна, а тоа е речиси двојно повеќе отколку кај другите житарки.

5. Банани

65366_banane-foto-shutterstock_630x0

За жал, бананите имаат лоша репутација, но без причина. За почеток, една поголема банана има речиси 500 милиграма од драгоцениот калиум.

„Калиумот позитивно влијае на размената на течности на ќелијско ниво, па со самото тоа може да го забрза базниот метаболизам. Бананите исто така содржат резистентен скроб кој не само што одржува подолго чувство на ситост, туку може да помогне и во регулирање на шеќерот во крвта после оброкот, тврди Џеки Њугент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП