28 март, 2024
ПочетнаБЕРЗАМакедонска берза 11.09.2014

Македонска берза 11.09.2014

berza

-Топлификација АД Скопје објави известување за промена на сопственост на акционер кој поседува над 5% од акциите

-Карбо Нова АД Крива Паланка објави ревидирани финансиски извештаи за 2013 година

-Рудници Бањани АД Скопје објавија известување за измени во органи на управување на друштвото

 

На 11.09.2014 година на Македонската берза е остварен промет од редовното тргување од 11.900.478,23 денари (193.489,24 евра) од кои 11.861.478,23 денари се остварени на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар се истргувани хартии од вредност во вредност од 39.000,00 денари. Од акциите кои што се тргуваат на Официјалниот пазар најголемо учество во вкупниот дневен промет имаа акциите на Македонски Телеком Скопје со промет од 7.199.460,00 денари. На Официјалниот пазар најголем пораст на 11.09.2014 година забележаа акциите на Попова Кула Демир Капија со процентуален пораст на просечната цена од 14,29%.

На 11.09.2014 година на Македонската берза се одржа јавна берзанска аукција на акции и удели. На аукцијата беше склучена 1 трансакција  при што:

o   Се продадоа 5.381 приоритетни акции издадени од ГД-Тиквеш Кавадарци,  по цена од 197,00 денари за една акција. Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 1.060.057,00 денари

За повеќе информации посетете ја Интернет страната на Македонска берза http://www.mse.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП