2 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзгласан „големиот прекрасен закон“ на Трамп за буџетот

Изгласан „големиот прекрасен закон“ на Трамп за буџетот

Републиканците во американскиот Сенат денес со тесно мнозинство го усвоија законот за буџетот, даноците и имиграцијата, кој американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „големиот прекрасен закон“.

Гласањето беше изедначено 50-50, но потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, гласаше за одобрување на амандманот, со што законот беше усвоен.

Републиканските сенатори Сузан Колинс од Мејн, Ранд Пол од Кентаки и Том Тилис од Северна Каролина им се придружија на демократите и гласаа против, објавува американскиот портал Политико.

По гласањето во Сенатот, законот се враќа во Претставничкиот дом на повторно разгледување поради амандманите што Сенатот ги направи на верзијата на законот што беше усвоен во Претставничкиот дом минатиот месец, тогаш со минимално мнозинство од еден глас.

Законот, кој вклучува продолжување на даночните олеснувања, промени во имиграциската политика и намалување на социјалните трошоци, предизвика остри поделби во Конгресот и меѓу републиканците, но и отворени критики од јавноста, вклучувајќи го и милијардерот и поранешен соработник на американскиот претседател, Илон Маск, кој се закани дека ќе основа трета партија доколку законот биде усвоен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар