20 април, 2024
ПочетнаБЕРЗАМакедонска берза 09.09.2014

Македонска берза 09.09.2014

berza

-Велестабак АД Велес објави неревидирани финансиски извештаи за периодот 01.01. – 30.06.2014 година

На 09.09.2014 година на Македонската берза е остварен промет од редовното тргување од 35.100.207,30 денари (570.746,21 евра) од кои 35.068.831,30 денари се остварени на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар се истргувани хартии од вредност во вредност од 31.376,00 денари. Официјалниот пазар учествува со 99,91% во остварениот промет, додека  Редовниот пазар учествува во остварениот промет со 0,08%.

Прометот од  редовното тргување со акции на дневно ниво бележи зголемување од 40,43% во споредба со претходниот трговски ден. Прометот од тргување со обврзници бележи зголемување од 1.912,13% во споредба со претходниот трговски ден.

Од акциите кои што се тргуваат на Официјалниот пазар најголемо учество во вкупниот дневен промет имаа акциите на Македонски Телеком Скопје со промет од 5.928.887,00 денари. Од акциите кои што се тргуваат на Редовниот пазар најголемо учество во вкупниот дневен промет имаа акциите на Квасара Битола со промет од 27.216,00 денари.

На 09.09.2014 година на Македонската берза се склучи една системска блок трансакција и тоа:

-7.446 обични акции на Струмичко поле с.Василево(SPOL) по цена од 200,00 денари за една акција, што претставува 3,11% од основната главнина на друштвото. Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 1.489.200,00 денари.

За повеќе информации посетете ја Интернет страната на Македонска берза http://www.mse.mk

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП