19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТрансфер пазарот е затворен, но на возбудувањата им нема крај!

Трансфер пазарот е затворен, но на возбудувањата им нема крај!

slobodni transferi!

Преодниот рок во земјите од западна Европа е завршен, но само за играчите кои се под договор. Сите слободни агенти и натаму имаат можност да донесат нови возбудувања на пазарот. Кога ќе го видите списокот со имиња се ќе ви биде јасно…

Во понеделник беше означен крајот на преодниот рок во повеќето земји во Европа.

Клубовите голем дел од работата ја остварија и во тој последен ден од преодниот рок, видовме многу возбудувања и изненадувања, на кои сепак им нема крај. Имено, сите фудбалери на кои ова лето им истекоа договорите и немаат никакви обврски кон клубовите, тие и натаму имаат можност да пронајдат свој ангажман.

Листата на слободни агенти е импресивна – Роналдињо, Виктор Владес, Марио Јепес, Никола Жигиќ и Хуго Алмеида се најатрактивните имиња, кои и натаму привлекуваат големо внимание.

Говорејќи за споменатите имиња, англиските медиуми известуваат дека овие фудбалери го привлекуваат вниманието на одредени премиерлигашки клубови, кои се уште имаат празни места на списокот од 25 фудбалери на кои можат да сметаат.

Пред се, Виктор Владес се споменува како опција за Ливерпул, англиските и шпанските медиуми поеднакво известуваат дека договор е постигнат, т.е. искусниот голман има голема желба да дојде на „Енфилд“ каде ќе биде одлична конкуренција на Мињоле.

Исто така, лондонски Арсенал е клубот кој во текот на летото не пронајде решение за дефицитарната позиција во одбраната, а англиските медиуми истакнуваат дека Венгер во Јепес би можел да пронајде алтернатива и замена за Вермален кој замина во Барселона.

Најатрактивен слободен агент е секако Бразилецот Роналдињо.

Иако веќе е во поодминати играчки години, „волшебникот“ е фудбалер кој со својот квалитет, генијалност, но и со големиот маркетинг потенцијал би можел да биде од големо значење. Роналдињо во јули го напушти Атлетико Минеиро, но се уште не се искажа по повод својата иднина.

Не е за одмет да се спомене името на Диего Лугано, Уругваецот кој летоска си замина од ВБА, каде што пристигна од ПСЖ. Тука се и Бразилецот Жонас, неговиот сонародник Нилмар, но и Антони Ревељер, Џермејн Пенант и Флоран Малуда, како звучни имиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП