Џеф Безос, сопственикот на Blue Origin и основач на Amazon, стана побогат за 63 милиони долари бидејќи ја продаде својата луксузна вила во населбата Хантс Поинт во Вашингтон, со што сруши државен рекорд.
Продажбата на вилата на Безос стана најскапиот станбен имот во историјата на државата Вашингтон. Како што пишува „Washingtonian“, рекордот досега го држеше медитеранска вила во која престојуваа повеќе од 12 шведски амбасадори за 17,3 милиони долари.

