28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако недостатокот на сон влијае на нашиот изглед (видео)

Како недостатокот на сон влијае на нашиот изглед (видео)

69732_2_630x0

Несоницата е нешто со што се соочуваат сите нации, раси и полови, па дури и возрасти. Некои луѓе не спијат бидејќи сметаат дека им се потребни само пет часа сон во текот на ноќта, а некои бидејќи немаат време. Трети патат од несоница. Без оглед на се, креативниот тим на „BuzzFeed“ одлучи на светот да му покаже како влијае недостатокот на сон на нашето лице и здравје.

Во експериментот учествувале четири лица кои не спијат повеќе од пет часа во текот на ноќта. Со цел да им ги покаже последиците, тимот повикал професионални шминкери кои ќе ги нашминкаат токму онака како што тие ќе изгледаат по 20 години доколку продолжат толку малку да спијат. Резултатите се шокантни. Брчки, исушена кожа, огромни подочници и хиперпигментација.

Доколку и вие сте во оваа група на мали спијачи, променете ја навиката и сочувајте го здравјето и убавината. Секое лице во текот на ноќта треба да спие најмалку 7 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП