7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да знаете дека на организмот му се потребни повеќе маснотии

Како да знаете дека на организмот му се потребни повеќе маснотии

hamburger

Кога ќе помислите на зборот „маснотии“, обично во главата ви се пали „црвено светло“ дека треба ги избегнувате.

Точно е дека дебелеењето предизвикува многу здравствени проблеми, но дали некогаш помислувате дека претерувате со избегнување на маснотиите?

Маснотиите во исхраната се заслужни за регулирање на апетитот и чувството на ситост подолго време, што спречува да се прејадете.

Ако сте гладни и покрај нормалните оброци, можеби е време да внесете малку полномасно млеко или јогурт во исхраната.

Кога сте гладни, мозокот „забавува“ и станувате уморни или мрзеливи.

Затоа треба да ги надоместите омега-3 масните киселини со конзумирање на риба, спанаќ и друго.

Овие киселини исто така помагаат и во борбата против депресија.

Ако кожата ви е сува, можно е внесените маснотии организмот да ги користи за најважните внатрешни процеси, а му недостасуваат оние за помалку важните функции, како што е заштита на кожата.

Ако клима уредот е вклучен, а на вас ви е студено дури и во најтоплите летни денови, или сте ги замолиле колегите или пријателите да ја исклучат а на нив им е претопло, многу е веројатно на вашиот организам да му недостасува енергија.

Маснотиите во телото овозможуваат за одржување константна температура на телото.

Причини за болка во зглобовите можат да бидат многу работи, од повреди до артритис.

Но помалку маснотии во телото можат овој проблем да го направат уште полош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП