24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар конечно во Европа? Манчестер Сити нуди 57 милиони евра

Нејмар конечно во Европа? Манчестер Сити нуди 57 милиони евра

nejmar1

Најбогатиот англиски фудбалски прволигаш Манчестер Сити, сака во летниот преоден период да го донесе надобриот бразилски фудбалер Нејмар (21), Манчестер Сити е подготвен да му понуди на Сантош надомест во висина од 57 милиони евра, објавија во средата британските медиуми.

Директорите на Сити, Феран Сориано и Тхики Беригистаин веќе имале разговор со менаџерот на Нејмар на 6-ти февруари во Лондон, кога на Вембли беше одигран пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Бразил.

За најдобриот бразилски фудбалер Нејмар заинтересирана е и Барселона, но таа не е финансиски моќна како Манчестер Сити. Но, финансиската состојба на Нејмар е одлична, тој во Бразил минатата година само од спонзорите заработил 45 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП