18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико ги посакува Кагава и Ернандез

Атлетико ги посакува Кагава и Ернандез

chicharito kagava

Шпанскиот шампион Атлетико Мадрид ќе му понуди на Манчестер Јунајтед 32 милиони евра за двајца резервни играчи – Мексиканецот Хавиер Ернандез и Јапонецот Шинџи Кагава.

Тренерот на „јорганциите“, Диего Симеоне значително ги почитува двајцата фудбалери кои одговараат на неговиот „воинствен“ стил и ќе се обиде да ги ангажира за предизвиците во Примера и Лигата на шампионите.

Чичарито во текот на овој преоден рок беше мета на неколку италијански клубови, додека Кагава кој во Јунајтед пристигна од Дортмунд, ја одби понудата на Фолфсбург да се врати во Германија.

Луис ван Гал, тренерот на Јунајтед, најави дека во текот на наредните седум дена ќе одлучи кој од играчите ќе може да го напуштат клубот.

Холандскиот тренер му соопшти на Кагава дека во неговата формација 3-5-2 (3-4-1-2) за него нема место, освен ако сака да игра на страничните позиции. Кагава пред се би играл како плејмејкер, но пред него во редот стојат Хуан Мата, Вејн Руни и Аднан Јанузај.

Слично е и со Ернандез, кој во минатата сезона за „ѓаволите“ беше стартер на само шест средби. Извесно е дека неговиот статус нема да се промени ниту во оваа сезона.

Извесно е дека за Кагава и Ернандез е подобро среќа и минутажа да побараат во некој друг клуб, а дали тоа ќе биде токму Атлетико Мадрид, останува да се види.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП